09/06/2025

Во Варшава денес ќе се договара транзит на храна од Украина преку Полска

Киев ќе се обиде да обезбеди повторно отворање на транзитот на храна и жито низ Полска како „прв чекор“ на разговорите во Варшава, изјави украинскиот министер за земјоделство, откако Полска и Унгарија објавија забрани за увоз на некои производи од Украина.

Некои црноморски пристаништа беа блокирани по руската инвазија на Украина минатата година, а големи количини украинско жито, поевтино од она што се произведува во Европската унија, завршија во земјите од Централна Европа поради логистичките тесни грла. Ова се одрази на цените и продажбата на локалните фармери.

Украина извезува најголем дел од земјоделските производи преку пристаништата на Црното Море
Украина извезува најголем дел од своите земјоделски производи, особено жито, преку нејзините пристаништа на Црното Море, кои беа деблокирани во јули минатата година со договор меѓу Украина, Русија, Турција и Обединетите нации.

„Сметаме дека првиот чекор треба да биде отворањето на транзитот бидејќи тоа е многу важно и тоа треба да се прави безусловно, а потоа ќе разговараме за други работи“, рече министерот за земјоделство Микола Солски.

„Во однос на бројките, сè што ја премина полската граница (од Украина) е околу 10 отсто од сите (прехранбени производи) извезени од Украина“, рече Солска во изјавата на Министерството за земјоделство на апликацијата за пораки Телеграм.

Преговорите почнуваат денеска во Варшава
Тој додаде дека околу шест отсто од украинскиот земјоделски извоз се испорачуваат во Унгарија. Дополнителни преговори ќе се водат оваа недела, со Романија во среда и со Словачка во четврток. Украински министер за Ројтерс изјави дека разговорите во Варшава треба да започнат околу пладне.

Во понеделникот, Европската комисија преку соопштение за печатот објави дека едностраните мерки на членките на ЕУ се неприфатливи во областа на трговијата бидејќи трговската политика е ексклузивна надлежност на Унијата и дека во вакви предизвикувачки времиња од клучно значење е да се координираат и усогласат сите одлуки во рамките на блокот.

Споделете