08/06/2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски немо гледа како Бујар Османи го крши уставот, кој на официјални средби говори само на албански јазик

„Молчи Ковачевски, молчи Владата, молчи СДС за грубото кршење на Уставот и на рамковниот договор од страна на Бујар Османи. Молчат затоа што се целосно потчинети на ДУИ и подготвени се да голтнат се, само да се одржат уште некој месец на власт„ се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие го наведуваат последниот скандал со Бујар Османи како пример за тоа дека оваа власт не почитува ниту правна држава, ниту владеење на правото. Ги погазуваат сите нормирани одредби во Македонија и за тоа нема никаква санкција.
Имено, Бујар Османи на состанок со шпанскиот министер за надворешни работи единствено говорел на албански јазик, иако согласно Уставот единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик.

„Ковачевски сето тоа немо го посматра и ќути. Ковачевски немо гледа како министер го крши Уставот и користи албански јазик во меѓународна употреба и нема да изусти ни збор“.

Чија држава и дипломатија претставува Османи!? Дали Ковачевски има ингеренции да разрешува министри од ДУИ, или ие не одговараат пред него за нивната работа?

На крајот во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Ковачевски освен личниот интерес друго ништо не го интересира и според нив тој не е способен да ги води ни своите министри, а не пак да ја води Македонија.

Споделете