Мото ГП: Ринс со победа на ГН на САД

Мотоциклистот Алекс Ринс од тимот Лучо Чекинело заврши на првото место, и по вторпат во својата кариера во МотоГП, ја освои Големата награда на Соединетите Американски Држави, трка која се вози во Тексас. Оваа победа и донесе успех и на екипата на Хонда, кои немаат победа на оваа патека уште од 2021 -та година.
Најголемиот конкурент на Ринс во генералниот поредок, Марко Бечеки, заврши на шестото место на оваа трка, но го задржа водството во првенството, бидејќи бранителот на титулата, Франческо Бањаја, направи големата грешка и излета со совето Дукати, уште во 8-от круг.
Предноста на Бечеки во првенството сега е единаесет поени пред Бањаја и седумнаесет поени пред Ринс.