08/06/2025

Игор Стефановски – Иџе со победа на трката во Франција

Игор Стефановски – Иџе, најтрофејниот македонски автомобилист, уште еднаш покажа зошто е најдобриот на брдско-ридските патеки откако успешно ја стартуваше новата сезона во Европскиот шампионат, освојувајќи го првото место на првата трка од оваа сезона која се возеше во Франција.

Стефановски го освои првото место, а во генералниот пласман заврши трет.

-Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1, напиша Иџе по завршувањето на трката.

Споделете