08/06/2025

Цените на нафтата стабилни на 86 долари за барел

Цените на нафтата на меѓународните пазари повторно се стабилизираа на нивото од 86 долари, откако Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) прогнозираше рекордна побарувачка оваа година благодарение на закрепнувањето на Кина. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше за 46 центи повисока од затворањето во четвртокот и изнесуваше 86,57 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше нафтата за 63 поскапо, односно, по 82.79 долари.

Благодарение на закрепнувањето на кинеската потрошувачка по укинувањето на мерките за корона вирусот, трговците денеска беа охрабрени од прогнозата на ИЕА дека побарувачката би требало да порасне за околу два милиони барели дневно оваа година и би требало да достигне рекордни 101.9 милиони барели дневно. Тие додаваат дека нешто повеќе од половина од растот на побарувачката треба да се должи на авионското гориво.

Доларот ослабе

Според агенцијата, до крајот на годината понудата треба да се намали за 400.000 барели дневно, имајќи го предвид очекуваното зголемување на понудата од независните производители за еден милион барели дневно и намалувањето на понудата од ОПЕК за 1.4 милиони барели деневно.

Од ОПЕК проценуваат дека побарувачката би можела да се намали во текот на летото доколку зголемените каматни стапки во САД ја нарушат вообичаената летна сезона на возење, а рафинериите во Кина не ја зголемат набавката на нафта.

Цените синоќа беа поддржани и од послабиот долар по извештајот на Министерството за труд кој покажува значително забавување на инфлацијата во САД за месец март, поттикнувајќи ги надежите дека централната банка би можела да го прекине циклусот на високите каматни стапки.

Послабиот долар ја зголемува побарувачката за нафта бидејќи ја зајакнува куповната моќ на купувачите со други валути. ОПЕК одделно објави дека вчера цената на барел кошничка нафта на нејзините членки паднала за 1,13 долари, на 87,77 долари.

Падот на доларот ја зголемува побарувачката на нафта бидејќи ја зајакнува куповната моќ на купувачите со други валути. ОПЕК одделно објави дека вчера цената за барел нафта на нејзините членки паднала за 1.13 долари, односно на 87.77 долари.

Споделете