Временска прогноза велигденските празници

Денес нѐ очекува променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.
Утре се очекува повторно променливо и облачно време, попладне и во вечерните часови со локален пороен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд.
Од понеделник се очекува слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат за можни зголемувања на водостоите на реките низ земјава од очекуваните врнежи од дожд во наредниот период.
Доколку врнежите бидат локално поинтензивни како што велат тие можни се локални излевања кај суводолците и помалите реки, како и проблеми кај дел од градските населени места.