09/06/2025

Бочварски на средба со ССМ ги кажал плановите за измените на Законот за работни односи

Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски оствари работна средба со претставниците на Сојуз на синдикати на Македонија и претставници од Здруженито на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите.

На средбата се разговарало за пакетот законски измени кои се опфатени за изградба на Коридорите 8 и 10-Д, посебно во делот на надлежностите на Министерството за транспорт и врски, односно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

Како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, Бочварски го потенцирал проектот за доизградба на Коридорот 8 и Коридорот 10-Д како „најзначаен инфраструктурен капитален проект со стратешко значење, на кој се посветува огромно внимание и посочи дека претставува огромна можност домашната градежната оператива да биде вклучена во неговата реализација“.

-Министерот побара целосна поддршка од градежните комори се со цел брза, навремена и ефикасна изградба на автопатските делници на споменатите коридори, се наведува во соопштението.

Од Здружение на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите истакнале дека „ги препознаваат предностите на измените на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, како и Законот за експропријација, со можност постапките да се применуваат и врз другите капитални проекти“.

На средбата се отворило и прашањето за Законот за работни односи и неговата примена во проектот за изградба на автопатските делници на Коридорите 8 и 10, при што се разгледале неколку опции и Министерството и ССМ се согласиле на нова средба со конкретни предлози по празниците.

Споделете