Руската Федерација тестираше нова интерконтинентална балистичка ракета

Pусиката Федерација успешно лансираше нова интерконтинентална балистичка ракета од локација на југот на земјата, соопшти рано утринава Министерството за одбрана, испраќајќи ново предупредување до своите непријатели.
Ракетата со долг дострел била лансирана од полигонот Капустин Јар во регионот Астрахан, на брегот на Каспиското Море.
Пробната боева глава подоцна погодила објект во сојузничката земја Казахстан според нејзината планирана траекторија, соопштуваат од руското министерство за одбрана, додавајќи дека целта била да се тестира „борбената способност“ на ракетата.
Кремљ неодамна предизвика реакција со својата најава дека ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. Ова оружје има помал дострел од интерконтиненталните балистички ракети, кои можат да поминат повеќе од 5.000 километри.