09/06/2025

Дојави за бомби во 35 училишта во Софија

35 училишта во Совија утринава добиле заканувачка електронска пошта, во која се тврди дека била поставена експлозивна направа.

Некои од училиштата што денеска добиле дојави сè уште не продолжиле со настава по вчерашната серија закани.

Бугарскиот претседател Румен Радев ги карактеризираше дојавите како хибридни напади и истакна дека нема реални закани за образовниот систем ниту за изборите.

„Како што можете да видите, ваква серија закани со бомби се случуваат не само во Бугарија туку и во Европа и САД. Агенциите за спроведување на законот заедно со партнерските служби прават сè за да ги идентификуваат изворите на овие закани и да ги неутрализираат. Но, во моментот нема реални закани ниту за образовниот систем ниту за изборите. Сè додека не го видиме изворот јасно идентификуван, не можеме со сигурност да кажеме од каде точно доаѓаат заканите“, рече Радев.

Десетици дојави за бомби беа регистрирани и во текот на вчерашниот ден.

Споделете