Објавена е полициска снимка од пукањето во Нешвил (ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА)

Објавена е снимка од камерите кои полициските службеници во САД ги носеле на себе при интервенцијата во училиштето во Нешвил.
Во нападот на ова приватно христијанско училиште загинаа шест лица, од кои три деца.
Напаѓачот е жена, поранешен ученик во училиштето, 28-годишната Одри Елизабет Хол, која се декларира како трансродова личност. Во некои извештаи се вели дека таа го испланирала нападот детално, имала детални скици од училиштето, а нејзиниот манифест и писмо во моментов се анализираат од полицијата.
Други американски медиуми објавија дека најверојатен мотив може да биде одлуката на државата Нешвил да им забрани на малолетниците да го менуваат полот.
Нападот траел 14 минути, по што пристигнала полицијата. Според нивната изјава, напаѓачот пукал кон нив додека се доближувале, а погодила и едно од полициските возила.
На видеото може да се види како полицајците се соочуваат и го неутрализираат напаѓачот.
Внимание: Видеото содржи вознемирувачка содржина!