09/06/2025

Се урна дел од таван во битолско училиште, едно девојче е повредено! (ФОТО)

Вчера околу 08:00 часот ученичка од битоското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ била повредена, откако врз неа паднал дел од таван.

Од Општина Битола информираат дека е формирана комисија која извршила увид во училиштето и било заклучено дека тоалетите биле реконструирани со донација пред неколку години.

Градоначалникот Тони Коњановски побара одговорност од директорката на училиштето бидејќи таа на состанокот на крајот на минатата година не побарала интервенција од општината.

Споделете