Посебен сообраќаен режим во Скопје

Од МВР информираат дека денес и утре во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради најавената посета на австрискиот претседател Александер Ван Дер Белен. Покрај тоа, за денес е најавен и мирен протест со почеток во 12:00 часот кој ќе започне на булеварот „Илинден“.
– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28 и 29 март, вторник и среда, поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, известуваат од МВР.
Министерството апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници во насока на безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.