09/06/2025

Албанија: Уапсен градоначалник од партијата на Рама

Aлбанското cпецијалното обвинителство за организиран криминал и корупција, синоќа зад решетки го смести градоначалникот на албанскиот град Булќиза, Лефтер Ала.

Градоначалникот Ала е уапсен од страна на државната полиција, затоа што се товари за две обвиненија – корупција и за злоупотреба на јавни тендери, наведува „Коха јон“

Според „Топ Чанел“, приведени се и неколку други лица, сите вработени во општинската администрација, кои биле членови на комисијата за спроведување на тендерски постапки.

Неговото апсење се случува на два месеца пред локалните избори, на кои не криеше дека од жителите на оваа општина ќе ја бара довербата повторно.

На последните избори беше избран како кандидат на владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама.

Инаку, Булќиза е познато рударско гратче во близина на албанско-македонската граница, лоцирано на дваесеттина километри од Дебар.

Споделете