08/06/2025

Мишел Јео испиша историја, прва актерка од Азија која доби Оскар


Феноменалната малезијка се закити со најпрестижната награда за филмска улога!

Мишел Јео испиша историјата како првата азиска актерка која освоила Оскар. На 95-тото доделување актерката го доби Оскарот за најдобра главна женска улога со нејзината изведба како Евелин Ванг во Сè насекаде одеднаш.

-За сите момчиња и девојки кои ме гледаат вечерва, ова е светлина на надеж и можност. Ова е доказ дека соништата навистина се остваруваат, рече 60-годишната Јео, прифаќајќи го Оскар за главна улога.

Меѓу нејзините најпознати филмови се „Клекнат тигар и притаен змеј“, „Мемоарите на една гејша“, „Милкшејк од барут“ и многу други.

Споделете