08/06/2025

Манчестер Јунајтед сака да го купи Дибала за ситни пари

Повремениот аргентински репрезентативен напаѓач Пауло Дибала ова лето би можел да ја напушти италјанската волчица ФК Рома и да се пресели во aнглискиот гигант Манчестер Јунајтед и тоа за багателна сума.

Во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 12 милиони евра.

29-годишниот Дибала ова лето пристигна во Рома без обештетување и е најдобар поединец во тимот.

Оваа сезона „Волчицата“ не игра во Лигата на шампиони и ако не обезбеди пласман за следната сезона, Дибала ќе сака да ја промени средината.

Клубовите од Премиер лигата ја следат ситуацијата, а најсилен интерес покажува Манчестер Јунајтед.

Споделете