Ce повреди Лука Дончиќ

Пеликаните од Њу Орлеанс беа подобри од Маверикс со 113 : 106, а во текот на натпреварот екипата од Далас, Тексас останаа и без словенечкиот кошаркарски репрезентативец Лука Дончиќ кој заработи тешка повред.
Словенечкиот кошаркар веќе неколку дена чувствува болка во левата надколеница, а во текот на третата четвртина ја истегна ногата, што го спречи да се врати на паркетот.
„Не е добро. Ќе направам магнетна резонанца и ќе проверам што се случува, а потоа и физикална терапија. Тоа е тоа“, рече Дончиќ на прес-конференцијата.
Тренерот на Маверикс, Џејсон Кид, изјави дека забележал дека Дончиќ не се движел добро кога шутирал и кога бил во одбрана, но и покрај с се трудел да се бори и да им помогне на соиграчите.
„Да се надеваме дека не е ништо сериозно, имаме уште неколку дена до натпреварот против Мемфис“, изјави Кид.