Обвинителството определи дводневен притвор за две лица за „грабнување“ на внукот на Љубе Бошкоски

Притвор од 48 часа добија две лица кои се осомничени дека имале улога во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. Судија од Кривичен суд го прифатил предлогот даден од скопското Обвинителство, па лицата со иницијали В.М. и С.Ч. ќе останат во затворот во Шутка.
Притвор од 48-часа бара обвинителството за две лица кои се осомничени за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски.
На 08.03.2023 од полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода В.М. и С.Ч., поради сомнение за нивна инволвираност во случајот во врска со исчезнатото лице С.К.(26) од Скопје. Двете лица денеска (09.03.2023) се изведени пред ОЈО Скопје“, објави МВР.