09/06/2025

Блок 3 на РЕК Битола иклучен од мрежа поради сервис

АД ЕСМ информира дека Блок 3 на РЕК Битола ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката.

Од АД ЕСМ соопштија дека санацијата треба да заврши до недела.

Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозволуваат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет, соопштуваат од ЕСМ.

Споделете