08/06/2025

Навивач на Блекпул претепан до смрт по натпревар

Навивач на англискиот член на чемпионшип (вториот ранг на англискиот фудбал) Блекпул почина од тешки повреди на главата здобиени во тепачка со навивачите на Барнли, објавија британските медиуми.

55-годишниот навивач Тони Џонсон, бил пронајден во тешка состојба во саботата вечерта по натпреварот.

-Му била укажана помош, по што бил пренесен во болница, каде што починал, јави Би-Би-Си.

Полицијата апелираше до сите што го снимиле инцидентот да ја испратат снимката, повикаа сведоци и соопштија дека ќе ги прегледаат снимките од безбедносните камери.

Споделете