ССМ: Минималните трошоци на едно семејство во февруари 50.909 денари

Сојузот на синдикати на Македонија по направената анализа, денеска објави дека минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари.
Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци.
За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари.
Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.
Македонскиот народ живее во сиромаштија. Огромен број на семејства не можат да си дозволат да ги покријат ниту основните трошоци!