08/06/2025

Ковачки: Какво е сега ова намалување на Законско предвиденото покачување на платите?

kovacki

Пратеникот од опозициската ВМРО – ДПМНЕ остро реагираше на најавата на министерката за одбрана Петровска, за покачување на платите на припадниците на Армијата на Република Македонија.

Тоа на што предупредив на фејсбук пред 2 седмици дека ќе го направи ова неспособно раководство на МО со платите на вработените во АРМ, тоа и се случува.

Да повториме и да потсетиме, а и да побараме одговорност од надлежниот министер за хаосот што го направи таа и нејзиниот тим во поглед на платите на вработените.

Пред 3 месеци, сите политички партии, со консензус, а поради тоа што Македонија има најголема инфлација во Европа, ги изгласавме измените на Законот за Служба во АРМ. Со тие измени, на припадниците на АРМ, платите мора да им се ЗГОЛЕМАТ од 5.000-7.000 денари (кај повисоките чинови и повеќе).

Какво е сега ова намалување на Законско предвиденото покачување на платите?

Зошто ги лажат и манипулираат вработените со 3 пати помало зголемување на платите од тоа што сите заеднички го договоривме и изгласавме во Собранието на РМ?

Каде оди разликата на парите? Пак ли ќе се набавуваат октоподи и морски плодови додека војската ќе ја лажете со трошки од Вашите чинии?

Брука!

*Тоа што сега неспособноста се обидуваат да ја прикријат со некаков усмен договор меѓу Министерот и Синдикатите во Одбраната, не помага, туку дополнително и непотребно инволвира и други чинители кои не се дел од носењето на одлуки.

**Уште еднаш апелирам до Министерот за одбрана на вработените да не им го крати тоа што законски им следува и да постапи согласно Закон. – напиша на својот фејсбук профил Драган Ковачки

Споделете