08/06/2025

Заубер ќе се натпреварува како фабрички Ф1 тим на Ауди од 2026

Фото: f1.com

Германскиот производител на автомобили во август годинава најави дека ќе се приклучат во Формула 1 како добавувачи на погонски единици од 2026-та година, кога ќе се промени правилникот на ФИА кој ќе има за цел зголемување на електричната моќ и 100% одржливи горива.

Ауди склучил договор со Швајцарскиот Формула 1 тим Заубер да стане нивен фабрички тим од 2026 година.

Пред мексиканското Гран При од Ауди изјавија:

Заубер кој моментално ги брани боите на Алфа Ромео ќе стане нивни „стратешки партнер“ за нивната Ф1 програма и дека имаат за цел да стекнат удел во Заубер Груп.

Ауди ќе развијат и произведат нивна погонска единица во нивната фабрика во Нојбург, Германија – каде веќе повеќе од 120 лица работат на проектот. Додека Заубер треба да го развие и произведе болидот во нивната фабрика во Хинвил, Швајцарија. Од Заубер исто така би биле одговорни за планирање и извршување на операциите на трките.

Заубер кој моментално ги брани боите на Алфа Ромео ќе ја продолжи соработката до 2023-та година кога им истекува договорот. Се уште не се знае од 2023 до 2026 како би се развивал тимот на Заубер. Најверојатна е опцијата тие да продолжат да се натпреваруваат под нивно име.

Извршниот директор на Заубер Фредерик Васер изјави:

Партнерството помеѓу Ауди АГ и Заубер Моторспорт е важен чекор за нашиот тим како што продолжуваме да напредуваме кон врвот на поредокот. Да се биде фабрички тим на Ауди не само што е голема чест туку и голема одговорност: тоа е најдобрата опција за иднината и ние сме потполно уверени дека можеме да им помогнеме на Ауди да ги остварат нивните поставени цели во Формула 1.

Членот на одборот на Ауди Оливие Хофман посочи:

Задоволство ни е да имаме искусен и компетентен партнер за нашиот амбициозен Формула 1 проект.
Знаеме дека Заубер Груп со нивниот најсовремен објект (алудирајки на нивниот тунел за ветер) и претходните нивни соработки со останати тимови дека ќе формираме силен тим.

Пред доаѓањето на Ауди, Заубер ќе продолжи да ги користи погонските единици на Ферари до крајот 2025 година.

Споделете