Верстапен со триумф во Бахраин ја почна одбрана на титулата

Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул Pejcинг вчера забележа победа во Бахраин на отворањето на новата сезона во шампионатот во Формула 1.
За Холанѓанецот кој е освојувач на последните два титули во Ф-1 ова е 36-та победа во кариерата.
Успехот на Ред Бул го комплетира Серхио Перез кој целта ја мина како второпласиран за еден-два победа на неговиот тим.
Место на победничкиот пиедестал обезбеди и Фернандо Алонсо од Астон Мартин кој на крајот заврши на третата позиција.
Бодови освоија и (4-10.место): Карлос Сајнц (Ферари), Луис Хамилтон (Мерцедес), Ленс Строл (Астон Мартин), Џорџ Расел (Мерцедес), Валтери Ботас (Алфа Ромео), Пјер Гасли (Алпин) и Александер Албон (Вилијамс).
Следната трка од Формула 1 шампионатот ќе се вози за Големата награда на Саудиска Арабија од 17 до 19 март.