Тотенхем го продава Кејн за 110 милиони евра

Хари Кејн, најдобриот играч на Тотенхем, негов капитен и рекордер по бројот на постигнати голови е трансферна цел на речиси сите најголеми клубови во Европа, пред се во Премиер Лигата, но Кејн има договор со својот клуб до јуни 2024 година.
Ова значи дека ако Даниел Леви, првиот човек на клубот доколку не го продаде во јуни, следното лето Кејн ќе биде слободен.
Токму затоа од Тотенхем на сите понуди за Кејн одговараат дека цената е 110 милиони евра за евентуален трансфер ова лето. Па кој сака нека повели.