Синдикатот на вработените во Министерството за финансии најави штрајк доколку нема зголемување на платите

Синдикатот на вработените во Министерството за финансии изрзуваат големо жалење во врска со последните случувања со зголемувањето на платите.
-Пред извесен временски период се донесе Закон за буџети со политички консензус од сите пратенички групи со кој се предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството за 30 проценти. Министерот тврди дека тоа покачување се однесувало само на определен сектор – Секторот за буџети, а не за сите вработени. Од синдикатот велат дека Владата во таа насока на денешната седница на Законодавно-правната комисија сака да прошверцува автентично толкување на одредбата од чл.66 од Законот, со кој сака да го ограничи правото на покачување само на дел од вработените. Ова е голем скандал каде што зад очите на јавноста, без консултации со вработените и синдикатите сакаат да го скратат она покачување што законски ни следува на сите вработени во Министерството, се вели во соопштението.
Посочуваат дека одредбата од чл.66 во Законот е јасна, таа предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството.
-Доколку не се зголемат платите на сите вработени во Министерството како што предвидува Законот, ние како вработени ќе пристапиме кон масовни штрајкови, најавуваат од Синдикатот.