Рочиштето за нападот на Пендиков одложено за 5 април

Главната расправа од судењето против напаѓачот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков, е одложено за 5 април.
Судот го прифати барањето на одбраната на обвинетиот рочиштето да биде одложено и да им бидат доставени потребните докази прибрани од Обвинителството. Како што велат, нема доставено и адреса на оштетениот Пендикова, а обвинителите изјавија дека не знаат кога тој ќе може да дојде во судот поради здравствени причини.
Судскиот процес во Основниот суд во Охрид го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди.
ОЈО – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Едниот обвинет досега се бранеше со молчење и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола.
Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.