08/06/2025

Започна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Петнаесет планинари по осумнаесетти пат го започнаа планинарскиот марш во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски.

Петнаесетте планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија и годинава маршутата ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски, каде што положија свежо цвеќе и со едноминутно молчење му оддадоа почит.

Патот е долг околу 200 километри кој македонските планинари ќе го минат во неколку етапи и во недела на 26-ти февруари, на денот на загинувањето на претседателот Трајковски, на неговиот гроб ќе положат цвеќе, како што вели Душко Ќосев од ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица.

Освен до Скопје, околу 60 планинари од земјава и Бугарија во сабота и недела ќе пешачат и по падините на планината Беласица. Тие ќе се искачат на врвот „Ботра“ кој го носи името на претседателот Трајковски, на надморска височина од 1880 метри.

Споделете