Здравствените работници наместо на пауза – на протест!

Здравствените работници денеска ја користат својата паузата за протест преку кој бараат да се потпише Колективен договор за израмнување на платите според последната корекција на минималната плата од 2022 година, како и неисплатениот регрес.
Од синдикатот побараа средба со Владата, со цел да се реши проблемот со покачувањата на платите.
Пациентите што ќе дојдат нема да бидат вратени, потенцираат од синдикатот. Освен синдикатот на клинички, со исти барања, ќе протестираат и здравствените работници кои членуваат во независниот синдикат за здравство при ССМ.
Дел од синдикатите на здравствените работници како што е независниот медицински синдикат се повлекуваат од најавите за тужби кон ФЗО и нема да организираат протести, по почетокот на исплатата на јануарските плати.
Протестот се организира и поради незадоволството од незаконското доцнење на платите, поради хакерскиот напад на системот на фондот за здравство.