09/06/2025

НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА – деветти потрес во последните 68 часа

Од EMSC јавуваат дека уште еден земјотрес бил регистриран утринава во областа Дикле во провинцијата Дијарбакир во Турција. Земјотресот бил со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја потресе Турција утринава околу 10:08 по локално време. Земјотресот се случил на 22 километри од градот и областа Дикле. Ова е деветти земјотрес во последните 68 часа.

Споделете