09/06/2025

Денеска напладне продолжува собраниската седница за гласање на новата Влада

Во Собранието на Македонија денеска напладне продолжува дебатата по предлогот за разрешувањето на министрите од редовите на Алтернатива, кои не поднесоа оставки на функциите пред изборот на нови членови на Владата, кои генерално доаѓаат од новиот коалициски партнер Алијанса за Албанците. Седницата вчера беше прекината и ќе продолжи денеска.

Пратеничката Сафије Садики Шаини од Алтернатива, партија која излегува од владината коалиција со оваа реконструкција на Владата, истакна дека тие на вчерашната партиски состанок тие донеле став да дејствуваат како опозиција и оти тоа е завршена тема за нив.

Според неа, министрите и замениците министри од нивната партија не поднеле оставка од две причини – немаат ниту една одговорност за да поднесат оставка и не сакаат да бидат причина и да му ја олеснат работата на еден човек кој, како што рече таа, не знае да се заблагодари, пред една година стана премиер со гласовите на Алтернатива.

Садики Шаини посочи дека лани во ноември кога во Собранието соодносот беше 60:60 и европската перспектива на земјата, според неа, била мртва, до Алтернатива се обратиле многумина политичари и луѓе со цел да прифатат да бидат дел од Владата. Таа рече дека „постапките на Алтернатива придонеле Македонија и Албанија да добијат датум за преговори со ЕУ“.

Споделете