08/06/2025

Меџити: Најгомел губитник е ДУИ

Со влегувањето на Алијанса за Албанците во Владата, според Меџити, најголем губитник е ДУИ, бидејќи, партијата ќе изгуби и министер (Насер Нуредини) и заменик-министер (Башким Хасани), смета пратеникот и член на „огнената група“ Изет Меџити за ТВ Алсат по најавената реконструкција на Владата.

Меџити во изјавата за ТВ Алсат вели дека е добро што „огнената група“ немала министер во Владата, бидејќи и тој ќе бил разрешен, каков што е случајот со заменик-министерот за одбрана Хасани.

Не можеме да се преправаме дека ги обединуваме Албанците или ги обединуваме во европски фронт кога си ја делиме сопствената партија или домот. Јасно е дека тоа е сојуз за интереси, сојуз на пазарења за да се замолчи поинаквиот глас. Во предлозите што ги видов нема европска вредност. Ова нема врска ниту со европскиот фронт ниту со уставните измени, туку едноставно да се замолчи поинаквиот глас. Ако извршната власт повторно ја изгласаат 64 пратеници, тогаш повторно господинот Ахмети е во минус, ДУИ е во минус, рече тој.

Меџити додава дека ако досега „огнените“ го молеле партискиот лидер Али Ахмети да го смени Артан Груби од вицепремиерското место во Владата, со цел, како што вели, да се отвори нова перспектива за подмладокот на ДУИ, отсега можеби и нема да има таква потреба.

„Можете да го задржите Артан или да се зближите уште повеќе, но ако тие му должат нешто, ние не му должиме ништо“, рече тој.

Меџити е убеден дека резултатите од однесувањето на ДУИ ќе се видат на следните парламентарни избори, без разлика дали тие ќе бидат редовни или предвремени.

На денешната собраниска седница на која е закажана реконструкцијата на Владата, Изет Меџити, кој е пратеникот на ДУИ и член на „огнената група”, вели дека нема да ги поддржат предложените промени во Владата. Дел од т.н. „огнена група” се и пратеничката Мерита Коџаџику и пратеникот Кастриот Реџепи, кој по разидувањето со Беса дејствува како независен во парламентот, а во јавноста се појавува како дел од „огнените”.

Споделете