08/06/2025

Алтернатива ја напушта владината коалиција со СДСМ

По официјализрањето на влезот на Алијанса за Албанците (АА) во владината коалиција Ковачевски предложи реконструкција на Владата со која АА добива министри во три ресори со кои раководеше Алтернатива.

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши по седницата на Централното собрание на која се одлучуваше дали и понатаму партијата ќе биде дел од извршната власт најави дека Алтернатива ќе гласа за уставни измени со кои Бугарите ќе бидат впишани во Уставот, иако партијата ќе делуваат опозициски.

Тој не ја криеше разочараноста од СДСМ за одлуката да им земат ресори кои им ги даваат на Алијанса за Албанците.

Во однос на програмските определби, нема дилема дали Алтернатива ќе поддржи или не. Но сметам дека СДСМ направи непромислен и ризичен потег за европските интеграции. Иднината ќе биде сведок дали сме биле во право или не. Да, ќе гласаме за уставни измени, за тоа нема дилема, посочи Гаши.

Гаши имаше остри критики на довчерашниот колициски партнер СДСМ.

Од друга страна имавме партија која не ги исполнува своите ветувања, која не знае што се европски вредности и дури и во етичка смисла не се достојни за партнерство, ние денеска одлучивме дека Алтернатива, заедно со тројцата пратеници и сите нејзини структури, отсега па натаму ќе биде опозициска партија, изјави Гаши и додаде дека со ваквите потези ќе произлезе и „дебаланс и во меѓуетничките односи“, и објасни што значи тоа:

Се креира перцепција дека СДСМ е заложник на Албанците. Тоа ќе предизвика меѓунационални недобри односи меѓу етникумите. А така некои политички партии кои се радикални, преку меѓуетничките односи ќе бидат посилни во Собрание. Најмногу важно за нас е што партиите можат ова да го злоупотребат и да го стопираат европскиот процес. Ние работевме на релаксација на етничките односи. Вака ќе предизвикаме тензии меѓу Македонците и Албанците.

Алтернатива излезе од Владата поради прекршување на договорот од страна на СДСМ.

Споделете