Армиските кучиња Кони и Пикси дел од тимот што спаси дете во Турција, неуморно ги пребаруваат урнатините

Кучиња на APM активно ја продолжуваат потрагата по преживеани под урнатините во Турција.
-Инструкторите, Борче со лабрадорот Кони и Сашо со белгискиот овчар Пикси се во неуморно пребарување низ урнатините на Караманмараш, со надеж за пронаоѓање и спасување на човечки животи. Армиските четвороножни херои со нивните инструктори од Центарот за одгледување и обука на кучиња беа во состав на екипата кои пронајдоа и спасија еден детски живот. Остануваме со верба и бескрајна надеж за што повеќе вакви спасувања, велат од Армијата.
