ВИДЕО: Ловците на САД соборија уште еден балон над Алјаска

Ловците на американската морнарица вчера собориле уште еден балон кој летал над Алјаска. Од Пентагон велат дека балонот бил потенцијална опасност за цивилниот воздушен сообраќај.
Балонот бил соборен на северот на Алјаска, помалку од една недела откако во Северна Каролина беше соборен кинескиот балон за шпионажа кој надлета голем дел од САД, а војската чекаше на погоден момент за да го собори без поголеми последици.
Допрва ќе се врши истрага на балонот, за да се утврди од каде доаѓа и со која намена навлегол во америчкиот воздушен простор.
– По наредба на Претседателот на САД, борбени авони на северната команда на америчката војска соборија објект на голема височина на северниот брег на Алјаска, изјави бригадниот генерал Пет Рајдер.
– Како шти ми беше пренесено, балонот бил со големина на помал автомобил, што е многу помал објект од оној кој беше претходно срушен, изјави портпаролот на Советот за безбедност на Белата Куќа, Џон Кирби.