Фрлил торба со марихуана во Вардар и продолжил да бега од полицијата

МВР информира дека вчера, во 11:35 часот, на бул. „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при скопското СВР го лишиле од слобода Ф.И.(30) од с. Студеничани, Скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена торба со марихуана.
– Лицето Ф.И. со мотоцикл не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, продолжил со движење и по кратко време го оставил мотоциклот и ја фрлил торбата во реката Вардар, по што продолжил да бега. Набргу бил фатен и приведен, а торбата била пронајдена,соопштуваат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.