09/06/2025

Левица: ДУИ ја саботира судската постапка за трагедијата кај Ласкарци

Четири години по автобуската несреќа кај Ласкарци во која животот го загубија 16 лица, со отсуство на најмала емпатија кон жртвите и нивните семејства, ДУИ продолжува да ја саботира кривичната постапка која се води против компанијата блиска до ДУИ, „Дурмо турс“ и нејзините сопственици.

Ова е ставот на партијата Левица, која реагира на повеќегодишното развлекување на судската постапка. Левица предочуваат дека повеќе од една година не е завршено супер вештачењето, кое треба да го изработи Бирото за судско вештачење, раководено од претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар, Валдет Џафери.

Еден од вештаците определени да го изработат вештачењето, исто така член на ДУИ, денес повторно не се појави на судењето и не достави документација за оправдување на таквото отсуство. Со ваквото бескрупулозно однесување, ДУИ уште еднаш докажува дека нивна единствена грижа се бизнис партнерите, криминалите и финансиерите, а животот на обичниот Албанец го множи со нула! Додека елитите на ДУИ се недопирливи и приграбуваат милиони, западна Македонија масовно се иселува, а граѓаните сé почесто ги губат своите најблиски во трагедии предизвикани од неказнивоста и корумпираноста на компании блиски до ДУИ, како што се озлогласените Беса Транс и Дурмо Турс, велат од Левица.

Левица се залага за беспоштедна и неселективна борба против корупцијата и подобар живот за сите работници во Македонија, без разлика на националната или етничка припадност или религија. Ги повикуваме граѓаните да се спротистават на две децениското кирминално владеење на ДУИ, кои заедно со нивните коалициони партнери СДС и ДПМНЕ целосно ја имаат заробено државата!

Споделете