09/06/2025

Пред владата помен за починатиот Благојче на кој државата не му обезбеди лек!


Попладнево се одржува мирен протест на пациентите до цистична фиброза пред Влада, откако во текот на вчерашниот ден почина Благојче Илијевеки, кој беше еден од најтешките случаи со оваа болест.
Помен за нивниот починат соборец и јасна порака од здружението за борба против цистична фиброза!

Запалени свеќи, венец и букет цвеќе оставија неговите пријатели пред Владата и испратија порака – немаме време за губење, изгубивме прекрасен човек.

Споделете