Градоначалникот Стефковски на средба со турскиот амбасадор

Градоначалникот на Општина Гази Баба оствари средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија.
„Средба со Амбасадорот на Република Турција Нeговата Екселенција Хасан Мехмет Секизќок.
Попладнево имав средба со Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Н.Е Хасан Мехмет Секизќок.
На средбата изразив сочувство во мое име и во името на граѓаните на општина Гази Баба до турскиот народ и турската држава за големиот број на загинати, повредени и големата материјална штета која настана како последица на траорниот земјотрес кој ја погоди Турција.
Дополнително на Амбасадорот Н.Е Хасан Мехмет Секизќок му понудивме и други форми на помош кои општина Гази Баба може да ги понуди на турската држава.
Општина Гази Баба негува пријателски однос со турскиот народ и тоа ќе продолжи така и во иднина“.

По средбата со Амбасадорот во резиденцијата, ја посетив Амбасадата на Турција каде што се потпишав во отворената книга на жалост“, пиша Стефковски на својот фејсбук профил.