Повеќе од 16.000 загинати во Турција и Сирија. Сѐ помали се шансите да се најдат преживеани под урнатините

Повеќе од 16.000 загинати како последица на земјотресите во Турција и Сирија. Спасувачки тимови се уште се во потрага по преживеани и заглавени под урнатините иако шансите за пронаоѓање на преживеани се многу мали.
Официјални лица и медицински лица соопштија дека 12.873 лица загинале во Турција и 3.162 во Сирија од потресот од понеделникот од 7,8 степени по Рихтеровата скала, со што потврдениот вкупен број достигна 16.035.
-Повеќе од 90 проценти од преживеаните во земјотресот се спасени во првите три дена, вели за АФП Илан Келман, професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон.
-Генерално земјотресите не убиваат луѓе, уривањето на инфраструктурата убива луѓе, вели Келман кој додава дека најважниот фактор во пружањето медицинска помош на луѓето извлечени под урнатините, е истата да ја добијат што порано.
-Времето е клучен фактор и целосно е против нас во Турција и Сирија, нагласи тој.
Регионите погодени од земјотресот се на удар на ниски температури, како и дожд и снег.
-За жал, ова значи хипотермија е можна, а луѓето веројатно за жал, ќе губат животи поради временските прилики. Оние кои успеваат да ги преќивеат студот и повредите се уште имаат потреба од храна и вода. Без вода, многу луѓе ќе почнат да умираат во рок од три, четири, пет дена, вели Келман.
Во Турција е прогласен вонредна состојба во период од три месеци во 10 провинции, а помош пристигнува од целиот свет.