09/06/2025

Под слоганот „Заедно“ – Заедничка кандидатура на четири земји за организација на СП во фудбал

Аргентина, Чиле, Парагвај и Уругвај во вторникот официјално поднесоа заедничка кандидатура за домаќинство на Светското првенство во 2030 година, барајќи турнирот да се врати „таму каде што е роден фудбалот“, по 100 години од одржувањето на првото Светско првенство во Монтевидео (Уругвај).

За време на церемонијата во Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), на официјалните лица од четирите земји им се придружи Алехандро Домингез, претседател на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), кој рече дека се надева оти ФИФА може да покаже „гест на почит“ кон регионот ќе и дозволи да биде домаќин на турнирот.

„Светското првенство во 2030 година не е само уште едно Светско првенство, тоа заслужува да се слави, со јубилеј по повод 100 години“, рече Домингез. „Ние веруваме дека ФИФА има обврска да го почитува споменот на оние кои дојдоа пред нас и веруваа во големината и го направија првото светско првенство“.

Претседателот на АФА, Клаудио Тапија додаде: „Како светски шампиони, го започнуваме овој проект кој е сон на сите Јужноамериканци. Не само за стогодишнината од првото издание, туку и поради страста со која го живееме фудбалот“.

Споделете