08/06/2025

Скопски пожарникари тргнаа кон Турција

Градот Скопје преку соопштение до јавноста известуваат дека пожарникари од нашиот главен град тргнаа за Турција.

„Како првична и интервентна мерка градот Скопје испрати екипа на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје кон Газиантеп каде ќе биде ставена на целосно располагање на турските власти за сите потреби на спасувачката акција.

На утрешната седница на Советот на град Скопје предложивме и точка на дневен ред за одобрување на 6 милиони денари првична хуманитарна помош за Турција и Сирија.

Во контакт сме и со локалните власти од Газиантеп, и се што ќе произлезе како потреба на тамошните власти, градот Скопје го става на располагање.

Скопје знае што значи солидарност. Скопје е град на солидарноста“, стои во соопштението на градот Скопје.

Споделете