Даниел Рикардо ce повлекува од Ф1?

Eкс Возачот на Мекларен и Ред Бул, 33-годишниот Даниел Рикардо, нема да го гледаме на патеките во новата 2023 сезона. Тој одлучи да се повлече од активното возење и да стане тест, односно резервен возач во таборот на Ред Бул.
За австралискиот возач тоа значи враќање кај популарените „Бикови“ кои претходно му помогнаа да стигне до Ф1 и со кои ги оствари најголемите успеси во овој спорт.
Како трет возач Рикардо ќе минува повеќе време во симулаторот на Ред Бул во Милтон Кинс, а покрај тоа ќе учествува и во разни маркетиншки и промотивни настани.
За време на претставувањето на боите на Ред Бул за 2023 година во Њујорк, Австралиецот најави дека неговото прво гостување на трка во новата сезона ќе биде на Големата награда на Австралија, на крајот на март и почетокот на април.