08/06/2025

Бројот на загинати во земјотресот во Турција може да надмине 10.000


Земјотресот од Газиантеп дефинитивно е најрзорниот земјотрес во поновата историја!

Бројот на жртвите од силниот земјотрес што рано во понеделникот ја погоди јужна Турција може да достигне до 10.000 луѓе, соопшти Американскиот геолошки институт.

Според проценката, има 47% шанси да достигне помеѓу 1.000 и 10.000 луѓе.

Проценките се базираат на споредби со претходните земјотреси во регионот, населението изложено на најсилните земјотреси и ранливоста на објектите во најтешко погодените зони.

– Населението во овој регион живее во објекти кои се исклучително ранливи на земјотреси, иако има и одредени отпорни објекти. Во извештајот се проценува и дека економските загуби најверојатно ќе бидат меѓу една милијарда и 10 милијарди долари, што би можело да достигне и до 2 отсто од турскиот БДП, се наведува.

Според официјалните претставници и државните медиуми, досега е потврдено дека загинале повеќе од 4.300 луѓе, а над 15.500 се повредени во Турција и Сирија.

Споделете