ОМД ги повикува бугарските власти да го истражат вандализмот врз клубот Никола Вапцаров

Oбединетата македонска дијаспора со „предизвик“ за бугарските безбедносни служби!
На 4-ти февруари 2023, на 151-от роденден на македонскиот револуционер Гоце Делчев, група бугарски националисти го вандализираа македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, кој се наоѓа во Благоевград, Бугарија.

Ова доаѓа по тензиите на македонско-бугарската граница Деве Баир-Ѓуешево, тоа пладне. Неколку бугарски граѓани кои изразуваа наслинички мотиви при доаѓањето во Македонија беа вратени од страна на македонските граничари поради нивните стремежи за недолично однесување и понужување на македонскиот народ и држава.

ОМО Илинден – „ПИРИН“ се сомнева дека зад нападот може да стои Виктор Стојанов, бугарски ултранационалист кој постојано упатува омраза кон Македонците, бидејќи нему му беше забранет влез во Македонија и овој инцидент го објави на својот Фејсбук профил. Тој беше во Благоевград во саботата вечерта со група други ултра-националисти, во истиот период кога беше вандализиран македонскиот клуб во Благоевград.

ОМД го осудува нападот врз македонскиот културен клуб, чија цел е да промовира добри културно-етнички односи меѓу етничките Македонци и етничките Бугари кои живеат во Бугарија. ОМД ги повикува бугарските власти да ги почитуваат човековите права на своето македонско малцинство и веднаш да го истражат ова прашање.