Министерството за одбрана испраќа итна помош за Турција

Министерството за одбрана на Република Македонија објави дека итно испраќа припадници на Армијата за помош на Република Турција.
Тимот кој ќе го испрати Министерството ќе се состои од 22 лица од Баталјонот за специјални сили, две лица водачи и кучиња обучени за трагање.
Испраќаме итна помош за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција. Армиски тим за заштита и спасување составен од 22 лица од Баталјонот за специјални сили, две лица водачи и кучиња обучени за трагање наскоро заминуваат во сојузничка Турција, за да помогнат да се спасат човечки животи под урнатините настанати од катастрофалниот земјотрес., објавија од Министерството.
Тимот на Министерството за одбрана ќе отпатува во Турција за да помогне на тамошните власти и население во справувањето и спасувањето на жителите во близина на Газиантеп по серијата катастрофални земјотреси кои денес ја погодија Турција. За сега се говори дека има повеќе од 2.500 загинати и повеќе илјади повредени лица.