08/06/2025

Славески свика итен состанок на координативното тело на Советот поради земјотресот во Турција

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Молитвите во овие тешки моменти се со пријателските народи на Македонија кои се зафатени од разорен земјотресот.

Во договор со советничките групи и градоначалникот Данела Арсовска како претседателот на Совет свикав итен состанок на Координативното тело на Совет на кој ќе се согледаат сите можности за испраќање хуманитарна помош, за што Совет ќе донесе одлука на итна вонредна седница што ќе се закаже за во најкус можен рок, соопшти тој.

Споделете