08/06/2025

Демерџиев бара средба со Спасовски во Делчево

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во изјава за бугарските медиуми побара средба со неговиот македонски колега, Оливер Спасовски.

Притоа, тој упати порака и до Македонија во однос на нејзиниот пат кон Европската унија.

„Македонија мора да разбере дека патот кон Европа и добрососедските односи минува преку дела, а не преку зборови. Неколку бугарски државјани имаа потешкотии да ја преминат границата. Истиот ден презедовме акција со Министерството за надворешни работи. Побарав објаснување за тоа зошто и кои се причините и како прва причина што ни ја наведоа е немањето струја. Имам барање на крајот на седмицата повторно да се сретнеме, најверојатно тоа ќе биде во Делчево, не во Скопје“, истакна Демерџиев.

Споделете