09/06/2025

Георгиевски освои бронзен медал на првенството во Истанбул

Олимпискиот вице-шампион во таеквондо, Дејан Горгиевски викендов освои бронзен медал на Президент КУП Г2 во Истанбул.

Георгиевски во 2:0 го победи домакинот Чакир, а со таа победа обезбеди сигурен медал на првенството.

Никогаш не е наш стил да се жалиме пред борба, Деки пред денешните борби не тренираше 10 дена, само за да може да настапи денес. Тие 10 дена за темпирана форма значат премногу, и покрај тоа фуриозно ги поминавме светските таеквондо велесили Турција и Азербејџан, во тесна борба за финале за жал пораз од олимпискиот шампион Сисе од Брегот на слоновата коска., напиша Дарко Костовски, еден од неговите тренери.

Бодовите кои ги освои Георгиевски на ова натпреварување се важни за исполнување на олимписката норма.

Споделете