08/06/2025

Стотици загинати во страотниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија

Тимови за потраги и спасување ги вложуваат сите можни напори за да се спасат што поголем број луѓе во Тусција и Сирија по земјотресот од 7,8 степени со епицентар во Газиантеп.

Помош добиваат и од локалното население од градовите. Социјалните мрежи се полни во видео снимки на кои се гледа како децата се извлекуваат од под урнатините.

-Речиси 900 згради се уништени во турските провинции Газиантеп и Кахраманмарас. Болница се урна во медитеранскиот крајбрежен град Искандерун, но засега нема извештаи за жртви. За жал, во исто време се бориме и со исклучително тешки временски услови, изјави Фуат Октај за новинарите.

Силниот земјотрес, кој според американскиот геолошки институт бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, се случил денеска во 04:17 часот по локално времево близина на јужниот турски град Газиантеп, во близина на границата со Сирија, на длабочина од околу 18 километри, јави ДПА. Десетина минути подоцна следеше силен последователен потрес со јачина од 6,7 степени на длабочина од 9 километри. Регистрирани се најмалку 20 последователни земјотреси.

Засега според неофицијални информации има повеќе од 600 загинати и најмалку уште толку повредени лица. Спасувачките тимови работат на извлекување и спасување на преживеани под урнатините.

Власта во Турција побара меѓународна помош за спасување на граѓаните затрупани под урнатините.

Споделете