08/06/2025

Затворена земја

ЕТНОЦИД

Дали сте знаеле дека “берлинскиот ѕид” не е изграден за да се изврши демаркација на границата помеѓу Источна и Западна Германија, ниту од класични безбедносни причини?

Изграден е за да се спречи одлив на население од Источна во Западна Германија! Еден ден властите на ДДР согледале дека немаат друг начин да го запрат одливот на население, при тоа, најмногу бегале учените и имашните, па одлучиле со изградба на ѕид да ги оневозможат.

Во последните месеци од Македонија се иселиле:

– од Кумановско – 200 основци и средношколци заедно со семејствата;

– од Тетовско исто така 200;

– од Штипско околу 180 и

– од Прилепско 130…

Не постои ѕид што ќе ги запре младите и работоспособните да заминат. Додека ние овде се занимаваме сè уште со прашања од минатото, ја губиме иднината.

Terra incognita

Фб. статус на Јован Андоновски (заменик јавен правобранител, автор, публицист, професор)

Споделете